Уругвајскиот селектор Оскар Табарез вели дека го напушта националниот тим. 71-годишниот тренер ова го изјави веднаш по поразот од Франција со 0:2 во четвртфиналето на Светското првенство.
„Со завршувањето на СП , заврши и мојот договор со националниот тим. Имав можност да го продолжам, но тоа нема да биде фер. На таков начин би дал само храна на новинарите и не планирам да лобирам за останувањето”, рече Табарес.
Поранешниот тренер на Милан го водеше Уругвај на Светското првенство во 1990 година, по што се врати на чело на тимот во 2006 година и го предводеше до уште три учества на Светските првенства – во 2010, 2014 и 2018 година.