Капитенот на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ, беше разочаран по поразот од Бразил во првиот натпревар од групата „Г“ на Светското првенство. Фудбалерот на Ајакс смета дека тимот сега треба да размислува само за претстојната пресметка со Камерун.
„Бразил е класа тим. Добро се браневме во првото полувреме и можевме да им се заканиме со неколку напади, но не ни одеше. Првиот гол им даде крилја и им стана полесно бидејќи моравме да се отвориме и да почнеме да напаѓаме. Жал ни е за поразот, но мора да размислуваме за следниот натпревар“, изјави Тадиќ.