Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ, реагираше на предвременото завршување на првенството во Холандија.
„Бидејќи го освоивме првото место и одиме во Лигата на шампионите, мислам дека треба да ја добиеме титулата шампион на Холандија. Јас разбирам дека коронавирусот и здравјето е поважно од било што друго, но ова е навистина неправедно. Не можете да го негирате се она што го направивме оваа сезона јас, моите соиграчи и нашиот тренер и како дојдовме до овде. Навистина сум разочаран“, изјави Тадиќ за „Тутомеркато“.
Изминатите денови стана јасно дека шампионот на Холандија нема да биде доигран. Екипите кои се во зоната за испаѓање ќе го задржат местото во елитата. Ајакс директно ќе влезе во групната фаза од Лигата на шампионите, АЗ Алкмар ќе оди во квалификациската рунда.