Српскиот фудбалски репрезентативец, Душан Тадиќ, имаше блескава партија на вчерашниот реванш со Реал Мадрид во осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Играчот на Ајакс постигна еден гол а направи и две асистенции што беше доволно да добие чиста десетка од страна на – „Ле Екип“. Холанѓаните со убедлив триумф од 4:1 дојдоа до вкупна позитива од 5-3 и продолжија во 1 /4 финалето во фудбалската елита на Стариот континент.
„Го елиминиравме најдобриот клуб на светот. Многу сум горд, тоа не може да се опише со зборови“ – потенцираше Тадиќ.