Алесандро Такинарди го осуди потегот на фудбалерот на Интер, Хакан Чаканоглу, кој откако постигна гол против Милан го искористи да ги провоцира фановите на „росонерите“.
Потегот на Турчинот дека не ги слуша домашните фанови наиде на жестоки реакции бидејќи четири сезони ги бранеше боите токму на Миланезите.
„Со тој потег покажа дена нема почит кон поранешниот клуб и навивачите. Не требаше да го направи тоа бидејќи си замина како слободен играч “- изјави Такинарди.

