Ракометарот, Филип Талески, по преспиената ноќ по поразот од Црна Гора не го менува неговото првично размислување искажано ведна по вчерашниот пораз во групата во Дебрецин. Ние пред последниот меч со Данска дефинитвно сме отпишани за втората фаза.
„Останувам на констатацијата од синоќа дека целата селекција одигра срамен натпревар против Црна Гора. Нема враќање назад и мора да се собереме затоа што ни следи уште еден натпревар. Верувам дека ќе одиграме најдобро што можеме против Данска в понеделник“ – вели Талески.
„Данската репрезентација игра моќно, атакува на злато и голем е фаворит. Ние секако сакаме да се надигруваме максимално, можеби како што одигравме против нив во Скопје“ – изјави меѓу друготот нашиот репрезентативец.