Тренерот на фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров, Александар Таневски, верува дека „лавовите“ може да го елиминираат Алашкерт и да поминат во второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Првиот натпревар заврши со победа на Ерменците со 3 спрема 1 а реваншот ќе биде одигран утре од 16.30 часот на тренинг-центарот – „Петар Милошевски“.
„Можеме да ја анулираме негативата од два гола. Се надевам дека сега ќе имаме и повеќе среќа. Верувам во играчите дека може да ја анулираат негативата“ – потенцираше Таневски. Голманот, Марко Јовановски, пред мечот посочи дека голот на гости влева надеж за добар резултат.
„Верувам дека може да дојдеме до посакуваната победа со 2-0. Сега имаме повеќе информации за противникот. Утре на теренот ќе покажеме што можеме и верувам дека ќе се радуваме“ – вели Јовановски.