Средниот бек на ракометниот состав Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, пред денешниот меч во Словачка вели дека ништо не е сигурно иако неговиот тим има големи 8 голови предност на хартија.
„Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме“ – потенцираше Танкоски.
Мечот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Пелистер ќе започне денеска во 16:00 часот.