Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат мечот против Агуаш Санташ во рамки од второто коло од Лига на Европа. Средниот бек, Марио Танкоски, вели дека противникот е одлично анализиран и дека очекува први бодови во новата европска сезона.
„Агуаш Санташ игра типичен шпански ракомет. Агресивни се во одбраната, имаат брза транзиција а ние ќе мораме да ги намалиме техничките грешки. Победа многу ќе ни значи за да останеме во трката за нокаут фазата“ – потенцира играчот на Битолчани.
Натпреварот на Пиринеите ќе го судат Денис Болиќ и Криштоф Хурих од Австрија додека делегат ќе биде Италијанецот, Марко Трепсиди.