Ракометарот на Вардар, Марио Танкоски, вели дека сите се подготвени за утрешниот меч со Порто кој може да биде решавачки за пласман во наредната фаза.
„Сите знаме дека не очекува многу значаен меч. Победата не мора да значи дека ќе одиме сигурно натаму но, може да влијае на нашиот пласман. Играме на домашен терен во СЦ Јане Сандански а досега немаме изгубено меч тука. Се надевам дека тоа ќе продолжи“ – вели играчот на „црвено црните“.
Средбата во Европската лига на ЕХФ меѓу Вардар и Порто ќе биде одиграна во вторник од 20.45 часот.