Бранко Ангеловски повеќе не е тренер на ракометниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер. Вечерва по поразот во Скопје во дербито со Алкалоид, Ангеловски веднаш си поднел оставка на тренерската позиција.
Од клубот на социјалните мрежи потврдија дека Ангеловски заминува, Тие му посакаа среќа во натамошната негова тренерска кариера.
Вечерва Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот сезонски пораз во Суперлигата, по што веќе заостанува зад конкурентите во битка за првото место.

