Mакедонскиот вицешампион Вардар 1961 утре е домаќин на Порто во дуелот од третото коло во Европската лига. Неколку играчи се надвор од стројот а тренерот Владо Недановски соопшти уште една лоша вест поврзана со „бомбардерот“ – Вуко Борозан.
Црногорецот при една прошетка со своите деца бил нападнат од улични кучиња и заработил неколку повреди.
„За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“ -објави тренерот Недановски.

