Напаѓачот на Интер, Мехди Тареми го постигна својот прв гол за Интер во ЛШ, па по мечот истакна дека главна цел на тимот е пласман во финалето на Лигата на шампионите оваа сезона.
„Мило ми е што вечерва постигнав гол, што играм добро, благодарение на моите соиграчи. Беше одлично. Толку сум возбуден, ми требаше време да постигнам гол, но секогаш се трудев да дадам се од себе на тренинзите, се борев за овој момент и успеав да го постигнам голот вечерва. Нашата цел како голем клуб е да стигнеме до финалето, бидејќи Интер мора да се обиде да победи на секој натпревар. Ќе го направиме тоа чекор по чекор“, изјави напаѓачот на „нероаѕурите“.

