Селекторот на словачката репрезентација, Стефан Тарковиќ, се осврна на вчерашната победа против Полска со 2:1 во рамките на 1 коло на Европското првенство.
„Благодарност до сите навивачи што не поддржаа. Ние сме многу мала земја. Многу е кул што можевме да победиме толку тежок противник. Одигравме добро во првото полувреме“ – вели Тарковиќ.
„Успеавме да го запреме Левандовски. Тактиката и дисциплината се многу значајни. Не е моја работа да коментирам околу судењето. Многу од нашите играчи беа уморни и моравме да направиме замени“ – вели Тарковиќ.

