Тамара Тасевска, капитен, на ЖОК, Јанта Волеј, пред двомечот со францускиот состав Волеро Ла Канет, потенцираше дека земјата од која доаѓа противникот внесува дополнителна мотивација кај девојките.
„Многу сме задоволни со досегашниот успех. Мотивацијата и желбата ни се на највисоко ниво. Ние уживаме во одбојката и се надевам дека тоа ќе го покажеме утре на терен“ – вели средниот блокер пред утрешниот пвр меч во Скопје во СЦ Јане Сандански од 18.00 часот.
„Во спортот има изненадувања а претходните победи многу ја подигнаа самодовербата, сплотеноста и хемијата на тимот.Многу повеќе се учи кога имаш посилен противник. Каков и да биде резултатот на крајот ние ќе бидеме задоволни“ – вели Тасевска.

