Фудбалскиот стратег, Жикица Тасевски, се врати на клупата на Работнички, потврди претседателот на клубот, Драган Поповски.
„Постигнавме договор со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и докажен стратег кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига. Очекуваме промената на тренерската позиција да биде дополнителен импулс за фудбалерите“ изјави Поповски за официјалната страна на клубот.
Тасевски доаѓа на местото на Ѓоре Јовановски, кој си замина по лошиот старт во тековната сезона