Првиот човек на нашата Стрелачка спортска федерација, Јордан Тасевски, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, потенцира дека нашите олимписки кандидати имаат големи шанси да изборат учество на Игрите во Париз.
„Мислам дека големи 99 проценти имаме шанса да дојдеме до норма за Олимпијадата. Во изминатиот период нашите натпреварувачи забележаа одлични резултати на меѓународните натпреварувања. Веруваме дека некој од нив ќе го продолжи континуитетот на настапи на нашите стрелци на Олимписките Игри“ – вели Тасевски.
„Деновиве во посета ни беше првиот човек на светската федерација. Имавме разговори на повеќе актуелни теми за да го унапредиме стрелаштвото кај нас. Сега сме во фаза на организирање на кампови на кои се присутни еминентни странски гости во улога на инструктори. Работиме максимално ангажирано на сите полиња“ – вели Тасевски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.

