Телото на фудбалерот Кристијан Атсу е пронајдено во урнатините на турскиот град Антакија дванаесет дена по силните земјотреси, пишуваат турските медиуми, повикувајќи се на соопштението на менаџерот Мурат Узунмехмет. Атсу имаше 31 година и беше играч на турскиот прволигаш Хатајспор.
Иако неколку часа по земјотресот беше објавено дека е пронајден и хоспитализиран, оваа информација два дена подоцна беше демантирана. Ден пред земјотресот, фудбалерот од Гана беше единствениот стрелец во победата на Хатајспор.