На Балканско Првенство во џудо во Кочаели Турција кое се одржува во организација на Балканската џудо асоцијација и техничка организација на Турската џудо федерација, Македонија на првиот ден од настанот освои еден бронзен медал.
Во категоријата до 40 кг Теа Настоска член на ЏК Сеишин Прилеп го освои 3 то место. Тоа е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани.
Покрај Теа од ЏК Сеишин, настапија и Теона Настоска -44 кг. ( 5 то место) и Никола Магдески -66 кг. ( 9 то место) кои прикажаа одлични борби но, не успеаја да се пласираат на пиедесталот.