Првиот човек на фудбалската – Ла Лига, Хавиер Тебас, е подготвен да биде реизбран доколку тоа го сакаат клубовите, објавија денеска дел од медиумите.
„Повторно ќе се кандидирам доколку тоа го побараат клубовите“ – изјави Тебас во последното интервју.
Тој од 2013 година е на чело на елитната фудбалска конкуренција во Шпанија. Тебас неодамна потенцираше дека евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе биде голем плус за лигата.