Доменико Тедеско кој има германско и италијанско државјанство, најверојатно ќе го напушти кормилото на рускиот фудбалски состав Спартак Москва и на крајот на сезоната ќе се врати во Бундес-лигата, најавија денеска германските медиуми.
Поранешниот кормилар на Шалке се наоѓа на списокот на Ајнтрахт Франкфурт кој се обидува да пронајде нов шеф на стручниот штаб.
Покрај името на Тедеско како можни кандидати за тренерското место се наметнуваат и Лусиен Фавре, Питер Бош, Ралф Рангник и Штефан Баумагарт.

