Доменико Тедеско денеска беше назначен за нов селектор на репрезентацијата на Балгија. По назначувањето, стратегот ја даде и првата изјава:
„Многу сум мотивиран. Едвај чекам да почнам со работа. Знам да мотивирам, тоа е една од моите силни страни. Кои се моите цели во белгиската репрезентација? За почеток квалификациите за ЕП! Знам дека нема да ни биде лесно. Мора да се соочиме со многу силни противници, но имаме одличен тим и верувам дека можеме да го направиме тоа“, вели Тедеско, којдоби договор со Белгиската федерација до 2024 година со можност за продолжување на уште две години.