Ентони Тејлор, ќе биде на центарот на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите меѓу Борусија (Дортмунд) и Пари Сен Жермен, соопшти УЕФА.
Целиот судиски дел ќе биде од Англија. Помошници ќе бидат Гери Бесвик и Адам Нан додека во ВАР собата ќе бидат Стјуарт Атвел и Дејвид Кут. Францускиот првак под арбитража на Тејлор има пет успеси, едно реми и еден пораз.
Борусија Дортмунд нема многу среќа кога на теренот е англискиот судија. Германскиот клуб има само еден успех од 4 натпревари , Утрешниот меч меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид му е доделен на Французинот, Клемент Турпин.

