Аеродром е прва општина која во основните училишта го имплементира спортот текбол. Тоа e резултат на соработката помеѓу Општината и Меѓународната текбол федерација а со поддршка од Македонскиот олимписки комитет.
Во рамки на соработката, Градоначалникот Тимчо Муцунски, денеска прими донација за општината Аеродром која вклучува 40 текбол табли и 80 топки. Општина Аеродром, во спортскиот центар – „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на квалификациите за учество на Европските олимписки игри во текбол кои ќе се одржат догодина во Полска.
Градоначалникот Муцунски упати благодарност до Меѓународната текбол федерација за реализацијата на денешната донација како и за меѓусебната соработка и поддршка.