Маурицио Покетино ќе биде нов менаџер на Челзи, објваи британски „Телеграф“.
Тод Боели веќе одржал неколку состаноци со аргентинскиот стручњак. Според информациите, водечките фактори во Челзи се импресионирани од идеите на Покетино за развој на клубот.
Токму поради оваа причина Покетино ќе ја добие довербата пред Нагелсман и Енрике.
Се очекува во следните две недели разговорите да се интензивираат, па веќе на почетокот на мај Челзи да ја официјализира соработката со Покетино, кој ќе пристигне на крајот од сезоната.