Популарниот британски весник „Телеграф“ објави дека речиси е сигурно доаѓањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид.
„Мурињо се враќа во Мадрид речиси 100%”, напиша весникот и тоа наиде на големо внимание кај мадридските медиуми. Англиското издание не е сигурно дали португалецот ќе се врати во Реал Мадрид сега или во текот на летото.
Весникот „АС” тврди дека раководството на Кралскиот клуб започнале преговори со Мурињо. „Клубот започна вчера контакти со агентот на португалскиот тренер Жорже Мендеш, за да преговара за враќање на тренерот, кој го водеше Реал Мадрид меѓу 2010 и 2013 година. Од Мадрид мора да го убедат тренерот кој размислува дали да ја превземе екипата. Неговиот однос со играчите и водството на тимот го натера Мурињо да размисли за понудата. Денес, четврток, е значаен ден за пристигнувањето на Мурињо”, пишува весникот „АС“. Според шпанското издание, Флорентино Перез сака во недела на клупата на Реал Мадрид против Ваљадолид да не биде Сантијаго Солари.