Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Алекс Телес, ќе биде во составот за денешниот меч со Вест Хем во Лига купот на Англија, откри менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.
28-годишниот фудбалер во јули заработи повреда на скочниот зглоб и мораше да паузира речиси два месеца. Бразилскиот лев бек во претходната сезона одига 24 натпревари во сите конкуренции.
Норвешкиот тренер додаде дека Џеси Лингард денеска ќе биде стартер и дека шанса ќе добие и младиот Ентони Еланга.