Реакциите на Оле Гунар Солсјаер и на Јирген Клоп во врска со термините кога се пренесуваат мечевите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, ги изненадија директорите на телевизиите кои ги имаат правата за Премиер-лигата.
Норвежанецот се пожали дека неговиот тим мораше да игра во саботата од 12:30 часот по локално време откако претходно во средата во вечерниот термин гостуваше во Истанбул. Клоп, пак, ја обвинува Лигата дека не ги поддржува клубовите.
Шефовите на Скај Спорт и БТ Спорт, веднаш се обидоа да објаснат дека тимовите имаат право да бараат промена, но, тоа досега не го направиле.

