Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг ги натерал играчите од неговата екипа да седат во тишина и да го слушаат радувањето на играчите на Ливерпул по победата над Манчестер Јунајтед со резултат 7:0, објави „Мирор“.
Фудбалерите беа принудени да ја слушаат радоста во домашната соблекувална на „Енфилд“, во која Ливерпул ја славеше победата, како и вревата на трибините. Тен Хег им кажал на играчите дека ова треба да послужи како мотивација следниот пат да се борат до крај. Тренерот, исто така, им рекол на играчите дека имале „среќа што се вратиле дома со тимскиот автобус, а не заедно со гневните навивачи кои платиле пари за да видат таква бламажа на нивните миленици“.
Резултатот на мечот со Ливерпул стана анти-рекорд за Манчестер Јунајтед во историјата на англиската Премиер лига.