Челниците на Манчестер Јунајтед будно ги следат настапите на ѕвездата на Ајакс, Мохамед Кудус.
22-годишниот фудбалер од средниот ред имаше одлични партии во дресот на Гана на Мундијалот во Катар. „Црвените ѓаволи“ ќе имаат сериозна конкуренција за потписот на младиот фудбалер кој влегува и во радарот Ливерпул, Челзи и Евертон.
„Карамелите“ дури упатија понуда за него вредна 15 милиони фунти но, таа беше одбиена. „Копјаниците“ за потписот на Кудус бараат најмалку 40 милини евра.