Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед е подготвен да испрати понуда од 130 милиони евра за да го обезбеди потписот на Камавинга од Реал Мадрид, објавија денеска медиумите во Англија.
Менаџерот, Тен Хаг, сака да направи одредени корекции во средниот ред а токму младиот Французин се вклопува во неговата концепција.
20-годишниот играч има реализирано 79 мечеви за „кралевите“ со ефект од 3 гола и две асистенции.