Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека сака неговите играчи да се фокусираат на нивните перформанси и да не размислуваат за договори во моментов. Холандскиот менаџер во оваа бројка ги вклучи и ѕвездите со последната година во нивните актуелни договори како Кристијано Роналдо, Давид де Геа и Маркус Рашфорд.
„Во овој момент од сезоната треба да размислуваме само за нашите перформанси бидејќи ни претстојат многу натпревари на неколку фронтови. И не е време за разговор. Ако сакаме разговорите потоа да бидат убави и навистина интересни, мораме да размислуваме за сопствениот настап – индивидуално и за тимот. Во моментов нема за што да преговараме“, изјави Тен Хаг.
На прашањето дали тоа нема да им се врати на играчите кои би биле под стрес без сигурност за нови договори, тренерот одговори:
„Некои играчи се мотивираат кога играат за нов договор, ако така мислите. Но, тоа не е баш во ред. Играме онака како што можеме, играме за културата на фудбалот. Секако, играчите од највисоката класа мора да бидат навистина мотивирани. Токму таквите играчи брзо се адаптираат во тимот“, го објасни своето гледиште менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Вечерва Манчестер Јунајтед му гостува на Тотенхем во натпревар од ова коло во Премиер лигата.