Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе добие премија од три милиони фунти доколку успее да обезбеди место во Лигата на шампионите, објавија англиски медиуми.
Холанѓанецот кој дојде од Ајакс на стадионот – „Олд Трафорд“, ќе има годишна плата од 9 милиони фунти.
„Црвените ѓаволи“ две сезони не беа дел од елитната конкуренција во Европа.