Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тен Хаг ја коментираше ситуацијата со Ентони и Санчо
    Фудбал

    Тен Хаг ја коментираше ситуацијата со Ентони и Санчо

    risteBy riste16/09/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, зборуваше за ситуацијата со тимските играчи Џејдон Санчо и Ентони, кои се суспендирани од тренинзи поради различни причини.

    „Строгата дисциплина е главна работа, тоа го побара од мене раководството на клубот, бидејќи до минатата сезона немаше вистинска атмосфера во тимот. Затоа морав да поставам некои стандарди на однесување.
    Спроведувањето на правилата е дел од мојата работа. Ова не е реакција на некоја грешка на еден играч, тоа е цел процес чија цел е да се достигне одреден степен на дисциплина. Никој од персоналот, играчите или кој било друг не може да биде над структурата на клубот, а јас треба да бидам крајно строг во такви работи. Пред се секогаш се работи за тимот, кој е поважен од се останато, иако во него секој си игра своја улога и секој има свој карактер. Сето ова треба да се управува.

    Ентони? Секако дека е разочаран, но добро е. Што се однесува до Санчо, мислам дека се е веќе кажано. Тимот е во добро расположение подготвувајќи се за следниот натпревар. Понекогаш има лоши сезони, играчите се повредени или на друг начин недостапни, па мора да го изградите вашиот тим врз основа на овие фактори. Тимот не стана послаб, играчите кои се на располагање се многу мотивирани да покажат добар фудбал“, изјави Тен Хег.

    Да потсетиме, на Санчо му беше забрането да тренира со главниот тим откако одби да му се извини на Тен Хаг – играчот јавно го обвини тренерот дека лаже на социјалните мрежи, коментирајќи го неговото неиграње на натпреварот со Арсенал.

    Ентони нема да се врати на терен додека се занимава со обвиненијата против него. 23-годишниот бразилски напаѓач беше обвинет за напад на поранешната девојка Габриела Кавалин во неколку наврати во периодот од јуни минатата година до мај оваа година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико

    30/09/2023

    По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме

    30/09/2023

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.