Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, призна дека мислењето на играчите нема да му значи ништо при изборот на нов капитен.
„Не, играчите нема да гласаат за нов капитен. Тоа е избор за мене“, изјави Тен Хаг за „Атлетик“.
29-годишниот Хари Мегваер беше капитен на Манчестер Јунајтед во поголемиот дел од минатата сезона. Сепак, со голема веројатност Англичанецот ќе го напушти клубот, а доколку остане ќе му биде одземена капитенската лента. Играчот од средниот ред Карлос Каземиро е најверојатниот избор за нов капитен на Манчестер Јунајтед.
Тен Хег е тренер на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година, а претходно работеше во Ајакс.