Ерик Тен Хаг додека е на одмор со семејството на Ибица, добил поволни вести од челниците на Манчестер Јунајтед.
Според медиумите во Англија, првите луѓе на „црвените ѓаволи“ решиле да го продолжат договорот со Холанѓанецот. Реално гледано, 54-годишниот стратег е единствената опција за тренерската позиција во англискиот состав.
Тој го освои првиот трофеј како тренер на Јунајтед во февруари 2023 година кога „црвените ѓаволи“ го победија Њукасл во финалето во Лига Купот.

