Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хаг вети дека „црвените ѓаволи“ ќе се борат за место во Лигата на шампионите до крајот на сеозната.
„Не знам дали шансите се изгубени. Ќе продолжиме да се бориме. Видовме дека можеме и требаше да ги добиеме сите три натпревари оваа недела. Натпреварот против Брентфорд беше најлош, таму не заслуживме да победиме. Но, во другите два меча, ако сте во победничка позиција – а ние заслуживме да бидеме во победничка позиција во тој момент – тогаш треба да победиме. И ова е клучно. Ќе се бориме за секој бод и потоа ќе видиме каде ќе завршиме. Јасно е дека сме далеку, но ќе се бориме за секој бод“, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

