По новиот пораз кој Манчестер Ј. го претрпе синоќа во Лигата на шампионите, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг изјави дека е незадоволен од арбитражата на натпреварот во Копенхаген.
„Два гола што ги примивме вечерва не требаше да бидат признати. Тоа е разочарувачки, и тоа не само денес. На многу натпревари беа донесени многу одлуки против нас. Тоа е тоа“.
За комплетниот настап на неговиот тим, Тен Хаг имаше многу пофални зборови.
„Мислам дека на почетокот игравме многу , се додека не го добивме црвениот картон. Црвениот картон промени се. Видов многу позитивни работи, но на крајот малку ја загубивме концентрацијата. Тешко е да се игра со десет играчи толку долго време. Мислам дека првите 20 минути беа најдобрите кои досега ги одиграл мојот тим. И со десетмина сè уште ја контролиравме играта“.