Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег , ја коментираше неговата одлука да го отстрани напаѓачот Кристијано Роналдо од тренинзите со првиот тим.
„Со моите постапки не сакав да им покажам на играчите кој е главен овде, не е тоа поентата. Морам да ги носам сите одлуки во интерес на клубот и во интерес на тимот. Тоа е моја работа, па не е важно кој е играчот и каква репутација има. Секогаш го избирам тимот кој, според мене, има најмногу шанси за победа“, рече холандскиот стручњак на прес-конференција пред натпреварот со лондонски Челзи.
Претходно се дозна дека Роналдо е казнет и повлечен од тимот поради предвремено заминување од мечот со Тотенхем (2:0) пред самиот натпревар да заврши. Португалецот нема да игра против Челзи.