Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, не крие дека е крајно разочаран од вчерашниот пораз од норвешкиот Розенброг на пријателски меч.
„ Јунајтед има стандарди. Знам дека сега не можеме да бидеме во оптимална состојба но, ние сме Манчестер Јунајтед и играчите мора да се претстават подобро“ – вели Холанѓанецот.
„Црвените ѓаволи“ ќе ја започнат новата сезона на 10 август со натпреварот од Комјунити Шилд против Манчестер Сити. Првиот меч во Премиер-лигата ќе им биде на 16-ти во истиот месец против Фулам.

