Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг побара од раководството да направи уште еден обид за да го ангажира Френки де Јонг во текот на зимскиот трансфер период.
Цело лето „црвените ѓаволи“ го убедуваа Холанѓанецот да се пресели на „Олд Трафорд“, но, тој сакаше да остане во Барселона.
Иако Јунајтед ги ангажираше Касемиро од Реал Мадрид и Кристијан Ериксен, Тен Хег има намера да притиска за Де Јонг со кого работеше во Ајакс.