Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, вели дека е задоволен од прикажаното на натпреварот против Кристал Палас. Неговиот тим вчера победи со 3:0 и влезе во осминафиналето на „Карабао купот“.
„Одигравме добро, доминиравме. Кога не победувате, доаѓа разочарување. Сепак, ние не го загубивме единството. Тоа се виде денеска“ – рече Тен Хаг.
„Против Барнли направивме чекор напред во дефанзива. Со Кристал Палас покажавме дека се подобруваме во контролата на топката. Имаме уште многу работа но, одиме во добра насока“ – потенцирал Холанѓанецот.

