Челниците на Манчестер Јунајтед планираат во текот на летото да се ослободат од шест фудбалери кои прескапо го чинеа гигантот од – „Олд Трафорд“.
Прв на листата е англискиот репрезентативец, Хари Мегваер, кој е најскапиот дефанзивец што го купиле „црвените ѓаволи“. За него му платија 87 милиони евра на Лестер. На излезната врата се Скот Мектомини и Дони Ван де Бек.
Дозвола за заминување ќе добие Французинот, Ентони Марсијал, како и Алеш Телеш и Ерик Баи кои сега се позајмени во други екипи.