Менаџерот на Манчестер Ј., Ерик тен Хег беше лут на своите играчи поради тоа што ја прокоцнаа предноста од 2:0 синоќа на мечот со Тотенхем.
„Некои мислеа дека се е готово. Знам дека тие не се роботи и заморот е проблем, но мора да дадете сè во секоја прилика. Тоа е основата. Забавивме и тоа беше нашиот проблем. Разочарани сме. Имавме предност од 2-0. Имавме шанси да направиме 3-1 но не искористивме. Не бевме добри во 90-те минути, не одигравме брилијантно. По полувремето со 2-0 моравме да постигнеме уште еден гол“, вели Холанѓанецот.