Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, вели дека Роналдо набрзо ќе биде во неговата препознатлива форма.
Португалецот вчера погоди од пенал на натпераварот против Шериф Тираспол во Лига Европа. Тоа е негов прв сезонски гол за „црвените ѓаволи“.
„Можете да видите дека е многу блиску до најдобрата форма. Тоа ме прави среќен. Мислам дека му требаше да постигне погодок за да ја врати самодовербата. Сега ќе му биде полесно“ –нагласи холандскиот тренер.