Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг веќе има одредени играчи кои се на неговиот список за засилување на тимот на лето. Еден од главните приоритети на тренерот е стабилизирање на одбраната. Затоа тој се насочи кон дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, за кој се шпекулира дека треба да биде замена за Арон Ван-Бисака, пишува „Сан“.
Дамфрис беше доведен во Интер минатото лето и има договор со клубот до 2025 година, па привлекувањето на „Олд Трафорд“ нема да биде лесна задача. Згора на тоа, тој стана главен играч во составот на Симоне Инзаги и има 41 натпревар, 5 гола и 7 асистенции во сите натпреварувања.
Интер за правата на 26-годишниот дефанзивец на ПСВ Ајндховен му плати 13,7 милиони. Сега, сепак, неговата цена е речиси тројно зголемена и Манчестер Јунајтед ќе мора да плати меѓу 35 и 40 милиони евра за правата на Холанѓанецот доколку сака да ги натера во Интер да се разделат со него.