Британските медиуми најавуваат дека Манчестер Јунајтед во зимскиот трансфер период ќе одвои 50 милиони евра за да го купи напаѓачот на ПСВ, Гакпо.
Младиот Холанѓанец имаше одлични настапи на Светското првенство во Катар. Тренерот на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг, планира да дојде и до потписот на Гонсало Рамос. Фудбалерот на Бенфика по хет-трикот на мечот со Швајцарија стана магнет за големите екипи.
Португалецот кој има трансферна вредност од 60 – 70 милиони евра има одлична сезона и во дресот на Бенфика.