Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе биде назначен за главен тренер на Баер Леверкузен, објави „Кикер“.
Според изворот, договорот е постигнат за две години до јуни 2027 година, а договорот ќе биде потпишан во понеделник.
Холанѓанецот ќе го заземе местото на Чаби Алонсо, кој од новата сезона ќе го преземе Реал Мадрид.
Тен Хаг е без работа од октомври 2024 година, откако го напушти Манчестер Јунајтед.

