Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, забележал позитивни работи во настапот на тимот на натпреварот против Баерн Минхен кој го загубија со 4:3.
„Разочарувањето е факт бидејќи не бевме доволно внимателни. Кога ќе постигнеш три гола против Баерн, мора да освоиш барем бод. Се наоѓаме во период кога речиси се е против нас. Мора да ја свртиме ситуацијата. Факт е и дека во последните три натпревари игравме против многу силни противници“, изјави Тен Хаг по најновиот пораз синоќа.