Манчестер Јунајтед одлучи за приоритетните кандидати кои ќе го заменат тренерот на тимот, Ерик Тен Хаг.
Новинарот, Дејвид Мекдонел, објави на социјалните мрежи дека во моментов главни претенденти за функцијата се Герет Саутгејт и Томас Тухел.
Тен Хаг во летото во 2022 година го презеде кормилото на „црвените ѓаволи“. Тој го водеше тимот на 110 натпревари на сите турнири. Има 65 победи, 15 нерешени и 30-ет порази.

